Fiat прославува 60 години од моделот 500 со специјалната серија Sessantesimo

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Женева ќе дебитира специјалната серија Sessantesimo во чест на 60 годишнината од моделот Fiat 500. Тоа ќе биде ограничена серија на ова супермини одбележувајќи го неговиот роденден, за времето кога во 1957 година првпат беше претставен во јавноста.

Моделот ќе биде достапен само во 500C convertible верзија, и ќе може да се купи од 9 март во Европа. Ќе бидат произведени само 560 возила (500 + 60) и сите ќе бидат со две нијанси на бело на каросеријата и боја на слонова коска за горните делови.

Градскиот автомобил, исто така е украсен со сива боја и боја на црвено вино, хромирани странични ретровизорите, посветени логоа “560” ексклузивна значка на столбовите, нумерирање на ограниченото издание и 16 инчни бангажи од алуминиум.

Иако моделот е во чест на оригиналниот Fiat 500 не значи дека 500 Sessantesimo оди чекор назад во ретро издание. Напротив има многу модерни гаџети и технологија. Па така возилото е опремено со 7 инчно радио со тачскрин, заедно со блутут, УСБ, AUX и стаелистак анавигација, автиоматска клима, круз контрол со ограничувач на брзината, управувач обложен со кожа и дршка на менувачот. На барање Fiat може да вгради и Apple CarPlay и Android Auto смартфон.

Заедно со 60 годишнината на моделот 500, Fiat ќе го покаже и новото ниво на опременост S-Design за 500X и Tipo, исто како и на 124 Spider Europa.
Fiat ќе понуди и избор на два бензински мотори, 1.2 литарски мотор со 68 КС и 84 КС од 0.9 литарски мотор, заедно со 1.3 литарскиот Multijet II дизелски мотор со 94 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK