Tesla го одлага почетокот на производството на камиони на струја

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот човек на Tesla, Елон Маск потврди дека производството на камионот-шлепер Tesla Semi нема да почне пред крајот на следната година. Ова е нова информација бидејќи кога во ноември во 2017 година Маск го претстави прототипот на камионот на струја, Tesla Semi, најави дека сериоското производство ќе почне во текот на 2019 година.

Сепак, како што тоа беше случај и со некои претходни модели на оваа компанија, дојде и до поместување на датумот на лансирање на продукциската верзија бидејќи се покажа дека првиот рок беше преамбициозен. Новиот рок е крајот на 2020 година, а не е познато како на ова одлагање ќе реагираат компаниите кои веќе ги нарачаа камионите за својот возен парк, како што се Anheuser-Busch, UPS, FedEx и Walmart.

Доколку прелиминарните спецификации се сменат, продукцискиот Tesla Semi во верзијата со најголема автономија ќе може да помине до 804 километри пред батериите да му се испразнат. Оваа автономија се однесува на возење по автопат, кога камионот е оптоварен со товар од 40 тони.

Порано е најавено дека основниот Tesla Semi, со автономија од 482 километри во САД ќе има стартна цена од 150.000 долари, додека моделот со радиус на движење од 804 километри ќе чини 180.000 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK