Направија “Волга” за Третата светска војна (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Ако Лудиот Макс беше од Белорусија, а зомби апокалипсата наближуваше пред портите на Минск, тогаш најверојатно ќе го возеше автомобилот кој можете да го видите на фотографиите. Се работи за автомобил кој својот живот го почна како ГАЗ-24, а оваа тешковооружена тврдина на тркала може да прегази „цела војска“ и да продолжи по патот како ништо да не се случило.

Творецот на блиндираната „Волга“ е аматер од Белорусија, кој тврди дека пред да се зафати со неа немал пипнато алат за заварување. Тоа може да се види и од квалитетот на заварувањето, но затоа нема место за никакви забелешки во однос на конструкцијата и дизајнот.

Браникот, топовите и митралезите двојно ја зголемиле тежината на изворниот автомобил, поради што се појавила потреба на задната оска да бидат монтирани екстра тркала. Што се однесува до механиката таму не е чепкано ништо.

Под предната хауба работи фабричкиот 2.4-литарски четирицилиндричен ЗМЗ-24Д со моќност од 95 коњски сили. Тој е во комбинација со четиристепен механички менувач. Сопирачките се исто така од ГАЗ, но од недефиниран друг модел.

И запаметете, немојте да му излегувате на патот на овој ѕвер!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK