Од безбедносни до практични решенија: Наскоро детектори за мирис во автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Кон крајот на февруари годинава Одборот за внатрешен пазаr и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент прифати радикален предлог на промени поради безбедност во сообраќајот во кој стои дека сите произведувачи на автомобили ќе мораат во следните неколку години во новите автомобили сериски да вградуваат Intelligent Speed Assistance (ISA).

Тоа е систем за ограничување на брзината, систем за помош на возачот кој вклучува автоматско кочење во потреба (АЕВ) со детектор за пешаци и велосипедисти, состав за преминување во спротивна трака и уреди кои снимаат случувања во внатрешноста од автомоблот. Предложеното воведување на алкотестер, засега, сепак, не помина иако алкохолот е причина за огромен број на несреќи во сообраќајот.

Сепак, само е прашање на време кога тој систем за безбедност ќе стане законски. Францускиот призведувач на прехрамбени и козметички производи Aryballe Technologies, развива сензор за идентификација на непријатни мириси во возилото. Системот би можел така да детектира алкохолна пареа во воздухот во автомобилот, мирис на опијати, некои необични мириси под совозачкото седиште или чуден мирис кој доаѓа од моторниот простор.

Можеби е дојдено до палење на електрична инсталација, гориво? Или можеби возачот е под дејство на алкохол? Или во автомобилот се чувствува чад од цигари? Без оглед на потеклото на некој мирис, уредот би требало да дектира, а тоа е она што францускиот производител ќе го понуди на големите произведувачи на автомобили. Таквиот состав на сензори би бил сместен во внатрешноста на возилата, а со него би се открило и потеклото на необични мириси, предупредувајќи ги сопствениците кога постои проблем или да се блокира употребата на автомобилот ако се почувствува алкохол во здивот на возачот.

Шведскиот производител на автомобили, Volvo, пак, работи на идеја за камери во внатрешноста на кабината, која би детектирала невообичаено однесување на возачот во случај на алкохолизираност, зашеметеност или замор, кој би можел да доведе до тоа возачот да заспие зад воланот и така да предизвика несреќа. На тој начин и сообраќајната полиција би имала олеснета работа во откривање на алкохолизираност или зашеметеност на возачите со некои опијати бидејќи тоа сега се спроведува во периодични акции и по случаен избор на возачи во сообраќајот.

Идејното решение на француската компанија им помогна на сопствениците на возилата кои ги изнајмуваат на трети лица, како што се rent-a-car компаниите, но и компаниите со сопствен возен парк кои ги даваат на користење автомобилите на своите клиенти или лизинг куќи. Системот би можел да утврди дали патникот пушел во нивниот автомобили или нешто е истурено на задното седиште. Многумина од вистинските сопственици на автомобилите се жалат дека добиваат лоши повратни информации од другите корисници бидејќи возилата после користењето се вратени со непријатен мирис или едноставно биле премногу валкани. Моменталниот призвот на Aryball, NeOseTM Pro, е рачен уред, од прилика со големина на скенер со баркод, наменет во индустријата за храна и козметика.

За автомобилска примена сензорот ќе биде многу помал, близу со голема на палец на раката. Актуелниот производ се продава за околу 12.000 долари, но директорот на француската компанија Тристан Росел вели дека очекуваната цена за автомобилска употреба ќе биде околу 10 долари бидејќи ќе тежи кон масовно производство за автомобилска индустрија.

Росел вели дека компанијата до крајот на 2020 година тежнее кон сериско производство за автомобилската индустрија. Уредот нема да треба дополнително да се активира со притискање на копче, туку ќе може да се програмира, а потоа да се прилагоди на начин на употреба на возилото.

Идејата е сензорите да се сместат што повлизу до возачот. Повеќекратните сензори во возилото може да се насочат кон седиштата, подот и моторниот простор на возилото.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK