Geely воведува нов премиум бренд – Geometry

ОБЈАВЕНО НА:

Ако пред неколку години речиси сите со потсмев ја проследија изјавата на првиот човек на Geely дека имаат план да прераснат во најголем производител на автомобили, сега, по само неколку години состојбата е различна.

Оваа кинеска компанијата континуирано бележи зголемување на приходите, а следствено на тоа и профитите и има се поголемо пазарно учество. Тоа се чини дека не е доволно па во своето портфолио воведе уште еден бренд.

Станува збор за брендот Geometry кој е позициониран како премиум бренд под чие име ќе бидат комерцијализирани електрични автомобили.

Станува збор за бренд кој ќе биде присутен на глобалните пазари, а до 2025 година ќе воведе повеќе од 10 електрични модели, стоеше во официјалното соопштение објавено од страна на ПР службите на Zhejiang Geely Holding Group.

Покрај Geometry и Geely, оваа компанија во своја сопственост ги има и Volvo, Lotus, Proton, Lynk&Co, Terrafugia, London EV Company, Emerald и други засега не толку експонирани брендови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK