Неверојатно и шокантно, вака француските медиуми ја пренесоа веста дека во оваа земја 680.000 лица возат без возачка дозвола. Во веста која изворно ја објави весникот Паризијен се вели дека во последните десет години тој број двојно се зголемил.
Весникот, повикувајќи се на податоци објавени од надлежните органи, се вели и дека 4,5% од лицата кои управуваат моторни возила без да поседуваат возачки дозволи учествувале во сообраќајни незгоди со смртни последици.
И покрај драстичните казни кои важат во Франција, бројот на лица без возачки дозволи е во постојан пораст што е повеќе од загрижувачки податок. Инаку, доколку некој возач биде фатен како управува возило без да поседува дозвола ќе добие парична казна од 15.000 евра, а возилото може да биде одземено на лице место доколку при тоа возачот не е негов сопственик.
Доколку ова лице учествува и во сообраќаен прекршок тој може да добие и казна затвор до две години или 30 илјади евра.