Ако купувате – внимавајте: Овие автомобили најмногу се крадат!

ОБЈАВЕНО НА:

Иако се повеќе и повеќе производителите посветуваат внимание на безбедноста и сигурноста на автомобилите, сепак последните статистички податоци од развиените земји покажуваат дека кражбата на автомобили од година во година се повеќе и повеќе расте.

При тоа крадците користат најразлични софистицирани начини и алатки за кражба без при тоа да потрошат многу време на процесот на крадење на автомобилот. Секако, не сите автомобили се мета на крадците. Кон некои тие имаат поголеми симпатии пред се поради вредноста која ја добиваат со крадењето на автомобилите.

Во Германија е спроведена анализа за тоа кои автомобили се омилени кај тамошните крадци при што е составена листа од 10 најкрадени автомобили во оваа земја.

На 10та позиција се најде BMW 335d. Според официјалните статистички податоци на 1,000 продадени примероци, дури 8,4 се украдени. Просечната вредност на украдениот автомобил изнесува околу 21.200 евра. На следната позиција со просек од 9,5 украдени автомобили на 1,000 продадени се наоѓа RS изведбата на Audi 5. Просечанта вредност на еден украден RS5 автомобил изнесува 39.400 евра.

На осмата позиција се наоѓа уште еден модел на Audi. Станува збор за S4 Avant кој на 1,000 продадени примероци се крадат 9,4 примероци. На следната позиција се наоѓа BMW X5 3.0 SD. Од овој моќен автомобил опремен со 3.0 литарски мотор се крадат дури 10,1 примерок на 1,000 продадени, а просечната вредност на еден украден автомобил изнесува 32,100 евра.

Доминацијата на BMW и Audi продолжува и на 6. и 5. позиција. Така на овие позиции се наоѓаат BMW M3 Coupe и Audi Q7 кои според статистиката на 1,000 продадени автомобили се бележи кражба од 10,2 до 11,0 примероци.

Image result for BMW M3 Coupé

Со украдени 11,7 автомобили, на четвратата позиција се наоѓа Toyota Land Cruiser чија просечна вредност изнесува 36,000 евра. Место погоре се наоѓа сестринскиот модел, Lexus RX350 со резултат од 14,8 украдени примероци на 1,000 продадени.

Image result for Toyota Land Cruiser

Втората позиција припадна на BMW X6 xDrive 40D со украдени дури 16,6 примероци, а изненадување е тоа што најкраден автомобил е Range Rover 3.0 TD. Дури 40,2 автомобили на 1,000 продадени се крадат од овој модел што претставува речиси 5%. Просечанта вредност на украден RAnge Rover 3.0 TD изнесува 65,800 евра што можеби е и причината зошто крадците се одлучуваат да го украдат овој автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK