сабота, 25 декември, 2025 година

Sсаniа ќе тестира aвтoнoмни кaмиoни пo европските патишта

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Развојот на камионите кои се движат сами останува во позадина, но и покрај тоа автономните автомобили собират сè поголема популарност. Се очекува и камионите исто така да имаат брз развој, а компаниите одговорни за ова редовно спроведуваат тестирања.

Еден од лидерите во развојот на автономни возила, TuSimplе во заеднички проект со Scania, објавија дека почнуваат тестови на автономни камиони, откако добиле дозвола од властите во Шведска за тоа на територија на земјата, поконкретно на автопатот Е4 меѓу грaдовите Сондертаље и Јонкопинг.

- Advertisement -

Заедничкиот развој на двете компании ќе се спроведе преку разни тестови со камиони од четврто и петто ниво на автономија што значи дека камионите се движат сами, но внатре задолжително мора да има возач, кој ќе ја следи безбедноста. Покрај возачот за време на тестирањата ќе има и инженер, кој ќе ги следи податоците кои сензорите на камионите ќе ги собираат во реално време.

„Во Америка и Кина, веќе се спроведуваат многу тестови на автономни камиони од ниво 4, но доколку ми е познато, Scania е првиот производител кој тестира таква технологија на патиштата низ Европа, заедно со товар“, вели Ханс Норден, раководител на проектот Hub2Hub

Цeлтa нa Sсаniа e дa ја тестира технологијата на различни делови на Европа и Кина во текот на следните години, а до крајот на годината од компанијата сметаат да ја прошират територијата на тестирање во Шведска.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја