Volkswagen Passat стигна до 30 милиони и продолжува … (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијат Volkswagen објави дека на 3 април бил произведен примерок со број 30.000.000 од моделот Passat. Од брендот велат дека јубилејниот претставник на најпродаваниот модел во средната класат е Passat GTE Variant од последната генерација на моделот опремен со plug in хибриден систем.

„Passat е еден од најважните и најуспешни модели на Volkswagen од лансирањето пред 46 години. Вкупно 30 милиони корисници ја укажаа довербата на овој автомобил на Volkswagen”, вели Ралф Брандштетер, кој е оперативен директор на Volkswagen.

„Во моментото Passat го произведуваме на три континенти во десет фабрики за повеќе од 100 пазари. Тоа го прави Passat вистински глобален бестселекр“, вели Андреас Тостман, кој е член на управувачкиот борд одговорен за производството на Volkswagen.

https://youtu.be/J8E-X_bg-xs

Новиот Passat GTE е во состојба да помине во чисто електричен режин до 55 километри, а општата максимална моќност на хибридниот погонски систем е 218 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK