Mazda повторно произведува делови за RX-7

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Mazda позитивно ги изненади сите љубители и сопственици во легандарниот модел RX-7 објавувајќи дека повторно ќе започне со производство на деловите за овој модел.

Ова е вториот модел за кој Mazda започнува со производство на делови откако истото во 2017 година го направи со моделот Miata.

- Advertisement -

Иницијално, оваа програма ќе опфати производство на 91 дел од кои 30 се за втората, а преостанатите се за третата генерација на овој модел. Почетокот на производството стартува следната година, а јапонскиот производител ја објави и листата на делови по ОЕМ број која може да ја погледнете тука.

За потсетување, втората генерација на RX7 започна да се произведува во 1985 година и се произведуваше се до 1992 година. Во овој период вкупно се произведоа 272.027 примероци на овој легендарен модел. Третата генерација започна да се произведува во 1992 година и во наредните десет години се произведе во вкупно 68.589 приемроци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја