Ако купувате Bentley, Rolls-Royce или нешто од сличен ранг на цена, тогаш стандардните кожни седишта се изработени по многу високи критериуми и ќе ви овозможи и повеќе од удобен претстој во возилото во текот на патувањето.
Ако се зборува за автомобили од неколку пониски класи, за вградување на кожни седишта можеби би требало двапати да се размисли.
Затоа е добро да се знаат неколку работи, кои може да ви бидат од корист.
- Познатиот мирис на кожа е лажен
Кожата има ужасно лош мирис и затоа производите од кожа се натопуваат со парфем. Тоа не е тајна и постапката е позната веќе со години, а мирисот на кралската англиска кожа е измислен по нарачка на кралот Џорџ III.
2. Не вреди за тие пари
Во поголемиот дел од случаите со одбирање на кожните седишта се добиваат само делови од кожа додека поголем дел од нив не се изработени од тој материјал.
3.Одржувањето на кожа не е лесно
За донекаде да се сочуваат оригиналните својства на кожата, мора редовно да се чисти и одржува со посебни производи и тоа неколкупати годишно, а не само од време на време.
4.Ништо не изгледа полошо од потрошена кожа
Кожата со тек на време би можела да почне да се лупи и да пука, а речиси ништо не изгледа помалку привлечно од испукана кожа.
5.Кожата е тешка
Кожата можеби не е најдобриот избор на материјал за автомобили кои пукаат на перформанси со оглед на тоа дека е тешка. McLaren кај моделот F1 успеа да заштеди пет килограми со тоа што ја намали дебелината на кожата на напола помала вредност од вообичаената.
6.Повеќето автомобили имаат кожа со лош квалитет
Ако при подобар преглед не воочите зрнест материјал, туку површината е совршено мазна се работи за кожа со лош квалитет.
7.Кожата е лизгава
Никој не сака да ја бара својата нормална удобна позиција на седење после секое остро вртење или посилно кочење. Ткаенината ќе ве задржи подобро во тие ситуации.
8.Или е прежешка или престудена
Среде лето кожните седишта ќе впијат многу сончеви зраци и ќе стане неудобна за седење, а постепено сонцето би можело да го уништи материјалот. Во зима ќе биде престудена.Решението се грење и ладење на седиштатa, но тоа ќе биде дополнителен трошок.
9.Кожните седишта не се толку удобни
Кожата во евтин автомобил обично е премногу крута и помалку удобна опција од ткаенината.