Италијанската работилница Superleggera (во превод “супер светлина”) на саемот во Женева настапи со концептот Sciadipersia Cabrio.
Овој автомобил кој исто така беше претставен и на минатогодишниот саем во овој швајцарски град е развиен на базата на Maserati Gran Turismo, а шефот за дизајн Луис де Фабрикер својата инсипрација ја црпел од моделот 5000GT на Maserati од далечната 1958 година.
Каросеријата во целост е изработена рачно, а внатрешноста е обложена со Foglizzo кожа и алкантара. Под хаубата на овој а втомобил се наоѓа супер моќен 4.7 литарски V8 мотор со 461 КС и 520 Nm обртни моменти.
Овој автомобил е со тежина од 1700 килограми, а благодарение на техничките карактеристики до 100-ка забрзува за помалку од пет секунди.
https://youtu.be/3npoZaGyd6E
Со оглед на тоа што најголемиот дел од производствениот процес се одвива рачно, за производство на еден автомобил потребно е околу шест месеци. Неофицијално, цената на овој автомобил ќе изнесува над 1,5 милиони евра.