Дали знаете како изгледа автомобил кој не е измиен 40 години, а притоа се одржувани само основните елементи кои се важни за поминување на технички преглед? За да дознаете треба да се запознаете со најдобрата германска крнтија, која на некој начин докажува издржливост на некогашните автомобили.
Берлин има низа на знаменитости, но една е специфична иако само ретки во неа гледаат нешто посебно. Станува збор за Opel Olimpia, караван од 1956 година. На средина на седумдесетите години го купил Ханс-Лидек Родевалд, професор за автомобилска технологија на Високо-технолошко и економско училиште во Берлин.
После некое време одлучил да го продаде возилото, но тоа никако не му одело од рака, па го користел за експерименти од неговата струка.
„Ме интересира што се случува со автомобилот ако не го переш и чистиш, а ги одржуваш и ги поправаш само виталните елементи кои се потребни за да биде во состојба за возење и да помине на технички преглед“, вели Родевалд.
Автомобилот последен пад е испран во 1977 година, а оттогаш постојано е паркиран на улица. Влијанието на временските услови и забот на времето е очигледен, внатрешноста и влагата во внатрешноста исто така, додека на некои места има и мов. Имал проблеми со полицијата и комуналните служби, па морал да ја докажува исправноста на возилото, а неколку пати морал и на суд.
Во Берлин повеќе не може да го вози овој автомобил бидејќи не ги задоволува високите еколошки норми кои овој град ги воведе, но тој и понатаму е во исправна состојба.
Тој го користи овој абтомобил повремено и како материјал на своите предавања, а кога го прашале дали ќе го однесе автомобилот во отпад одговорил во свој стил:
„Сè уште има можност потполно да се реставрира“.