Mitsubishi Motors ќе го претстави Eclipse Cross PHEV во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

За да го искористи успехот во Европа на својот заштитен знак, технологијата PHEV*, Mitsubishi Motors Corporation (MMC) ќе претстави PHEV верзија на новиот модернизиран СУВ Eclipse Cross во регионот.

Како дизајн и технолошка еволуција на сегашниот модел, Eclipse Cross PHEV е во согласност со позицијата на ММС, според која во моментов целосно новите автомобили нема да бидат пуштени во продажба во Европа.

- Advertisement -

Eclipse Cross PHEV ќе прерасне во технолошки флагман на брендот во Европа, завршен со уникатен хибриден  погон базиран на EV-технологиите, Twin Motor 4WD погонот и системот за управување на сите тркала (S-AWC).

 

Тој ќе биде претставен постепено на избраните европски пазари од почетокот на пролетта во 2021 година на база на локалната побарувачка и потенцијал.

Од стартот на продажбите на Eclipse Cross кон крајот на 2017 година до овој момент се продадени 66.390 автомобили во Европа (територијата на ММЕ-33 пазари/според податоците на ММЕ до август 2020 година).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја