Кинески Lynk & Co се самопрогласи во најбрзо растечки производител

ОБЈАВЕНО НА:

Кинескиот производител Lynk & Co се самопрогласи во најбрзо растечки производител во автомобилската индустрија, потпирајќи се при тоа на продажбата од минатата година.

Lynk & Co кој опстојува на пазарот само три години, изминатата година на домашниот кинески пазар продаде 120.414 возила, а веќе оперира со 221 продажно-изложбени салони низ матичната земја.

Во моментов компанијата произведува два модели и тоа моделот 01 и 02, а во наредните две до три години ќе започне и сериското производство на седанот 03, хечбек моделот 04 и SUV изведбата на моделот 01.

Инаку Lynk & Co е кинески бренд кој е во сопственост на Zhejiang Geely Holding Group, компанија која го поседува и шведскиот производител Volvo. Оваа година овој производител ќе започне да го произведува моделот 01 во европската фабрика во Гент (Белгија) се со цел да започне со освојување на европскиот пазар, а покрај Европа, овој бренд наскоро ќе започне да се продава и во САД.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK