Во Шангај отворија мост изграден со 3D печатење

ОБЈАВЕНО НА:

Во Шангај имаше свечено отворање на најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е направен со помош на технологијата за 3D печатење. Го изгради тим на стручњаци од Универзитетот за архитектуга Циг Хуа во Пекинг. Мостот е долг 26,3 метри, а широк 3,6 метри.

Новиот мост е подигнат во шангајскиот кварт Баошан, а во неговата градба се користени модерни градежни техники. Проектиран е од професорот Су Веи Гуо од универзитетот Циг Хуа, а изграден е од 44 бетонски компоненти кои се изградени со 3D технологија, додека оградите се поделени во 68 единици. Бетонските компоненти беа испечатени од две „роботски раце“, а за нивната изработка биле потребни 450 часа.

Според проценките на стручњаците во споредба со конценционалниот процес на градба, заштедено е 33 проценти од предвидените пари. Пред почетокот на изградбата на мостот стручњаците направиле помал модел ксо кој го тестирале целиот проект. Целта на тестирањето била да докаже дека мостот може да издржи пешаци кои минуваат преку него и кои се задржуваат на целокупната површина.

Во мостот е вграден и систем за следење во реално време кој ги следи можните деформации и поместувања. За разлика од традиционалните мостови, во овој не е вграден армиран бетон. Изграден е од материјал кој може да издржи сонце и дожд доволно долго за да ги исполни националните градежни стандарди.

Водачот на архитектонскиот тим појасни дека сложените закривени површини на мостот можат да се постигнат исклучиво со користење на 3D печатење. Инаку, првиот бетонски мост изграден со технологија на 3D печатење беше отворен во октомври во 2017 година во Холандија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK