Уловен подновениот Suzuki Baleno

ОБЈАВЕНО НА:

Поради тоа што Индија е најважниот пазар за Suzuki, но и поради фактот што Baleno веќе години наназад успешно се произведува, на крајот на овој месец во Индија ќе дебитира подновениот Suzuki Baleno.

Од шпионските фотографии објавени во индијските медиуми може да се забележи малата измена на предниот дел. Измени има и во страничните носачи кои добиваат црна боја. Измени се очекуваат и на задните светла и задниот браник, а во внатрешноста не се за очекувања некои големи измени.

Засега останува нејасно дали во понудата ќе бидат понудени и нови мотори.

Од индијската фабрика во Манесар, подновениот Baleno ќе пристигне во Македонија на почетокот на ова лето. Цената останува непозната, но не се очекува големи разлики во однос на моменталната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK