Citroen го поднови C3-XR

ОБЈАВЕНО НА:

Четири години по лансирањето на моделот C3-XR на кинескиот пазар, францускиот производител Citroen објави фејслифт на овој модел.

Освежениот C3-XR кој својата саемска премиера ќе ја имаа оваа пролет, во целост го рефлектира новиот идентитет на францускиот производител. Најголемата разлика во однос на својот претходник ја има на предниот дел каде се наоѓаат нови светла и нова маска за ладилникот, инспирирани од C5 Aircross.

И внатрешноста е слична како и кај C5. Доминира 9 инчниот екран осетлив на допир кој доаѓа со два USB приклучоци, Apple CarPLay, Baidu CarLife и MirrorLink.

Понудата на мотори останува иста што значи дека централно место зазема 1.6 литарскиот мотор со шест степен автоматски менувач и моќност од 158 КС.

Инаку овој мал кросовер од B сегментот е лансиран во 2014 година во Кина, а производството се одвива во фабриката во Вуан. Се темели на истата платформа како и Citroen C3, а достапен е само на кинескиот пазар иако претходно имаше најави дека како-таков ќе биде лансиран и на европскиот пазар.

Од самото лансирање па заклучно крајот на минатата година овој автомобил на кинескиот пазар беше продаден во речиси 180 илјади примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK