понеделник, 25 декември, 2025 година

Летечкиот автомобил имаше успешен тест во Јапонија (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Компанијата SkyDrive од Јапонија објави дека успешно го тестираше својот летечки автомобил. Во компанијата како цел истакнаа автомобилот да стане секојдневно превозно средство.

Компанијата јавно демонстрираше можност автомобилот на тест полигонот на Toyota кој е еден од најголемите во Јапонија. Тоа е првата јавна демонстрација на можноста на еден летечки автомобил во историјата на оваа земја.

- Advertisement -

Автомобилот е наречен SD-03 и неколку минути се движеше на споменатото подрачје.

„Екстремно сме возбудени поради тоа што имавме прво возење со летечки автомобил и тоа две години после основањето на SkyDrive. Целта ни е ваквиот начин на возење да стане секојдневие“, рече извршниот директор на компанијата, Томохиро Фукузава.

Според неговите зборови, сакаат летечките автомобили да бидат пристапно и прикладно превозно средство како сигурен и удобен начин на живот. SD-03 е најмалото летачко електрично возило кое може да полетува и слетува вертикално. Има осум мотори и е опремено со сигурни системи за „вонредни ситуации“.

Во следниот период автомобилот ќе биде тестиран и надвор од полигонот на Toyota и тоа во различни околности, а сè со цел да биде во целост сигурен за користење.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја