четврток, 25 декември, 2025 година

Skoda го пензионира Citigo – ќе се фокусира на поголеми и електрични модели

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Компанијата од Чешка, Skoda заврши со производтво на својот градски автомобил Citigo за да се фокусира на поголеми модели и електрификацијата.

Иднината на градскиот автомобил на Skoda, кој е еквивалент на моделот на Volkswagen, Up и на моделот Mii од Seat долго беше под знак прашање, но сега шеф на маркетингот на Skoda е Алан Фејв, а тој официјално потврди дека Citigo е веќе минато.

- Advertisement -

„Ова е крај за Citigo, барем во Европа каде што е распродаден. Наследник нема да има, ниту е ланирано автомобил со оваа големина во иднина“, вели Фејв.

Сепак, моделот ќе продолжи да живее како Citigo-e iV, електричниот автомобил чија продажба почна во текот на пролетта.

Skoda порано оваа недела го претстави електричниот модел Enyaq базиран на новата МЕВ платформа на Volkswagen, а неговата задача е на брендот да му овозможи да профитира на растечката побарувачка за електрифицираните модели.

Помалите модели на Skoda нема да ја усвојат електрификацијата во влиската иднина. Исто така, нема прецизни планови за следниот електричен автомобил на Skoda.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја