По 21 година отсуство, Jaguar Land Rover го враќа моделот Defender на американскиот пазар, потврдуваат од страна на британскиот производител.
Land Rover Defender на пазарот во Северна Америка се продаваше во 50-те, 70-те и почетокот на 90-те години од минатиот век по што британскиот производител одлучи продажбата да ја спроведува само во Европа и подоцна Кина.
Сега JLR (Jaguar Land Rover) и официјално потврди дека новата генерација која во моментов се тестира на екстермни услови на северот во Канада ќе се продава во САД и Канада со што SUV пазарниот сегмент добива на голема конкуренција.
Новата генерација на Defender која е спој на технологија и супер SUV перформанси според официјалното соопштение на Land Rover ќе се појави во продажба во текот на следната година кога и ќе ја има светската премиера. Целото производство на овој модел ќе се одвива во фабриката на производителот во словачкиот град Нитра.