недела, 25 декември, 2025 година

И Германците возат стари коли – просекот е речиси 10 години

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Автомобилите на Германците се постари од кога било досега, а ова го покажува истражувањето според кое дури 9,7 проценти од вкупно 47,7 милиони патнички возила се постари од 20 години. Просечната возраст на патничките автомобили на германските патишта е 9,6 години што е рекордна возраст во Германија.

Во овој негативен европски просек Германија е зад Луксембург (6,4 години), Велика Британија (8), Австрија (8,2), Италија (8,4) и Франција (9). На крајот на листата е Литванија каде што просечната возраст на возилата е речиси 17 години. Повеќе од 23,4 проценти од возилтат во Германија се постари од 15 години. Затоа стручњаците од оваа област бараат идно активирање на политиката.

- Advertisement -

Фердинанд Дуденхефер од центарот за автомобилско истражување на Универзитетот во Дуизбург вели дека овие бројки се јасен сигнал бидејќи покажуваат колку е голема шансата со вистинска програма да се даде поттик на економијата и силен импулс за германскиот пазар на автомобили бидејќи со самото стимулирање на побарувачката е можно во тешките и несигурни времиња да се постигне нешто.

Тој смета дека била грешка што автомобилите на фосилно гориво испаднале од програмата за поттик укажувајќи со тоа дека не може да се постигне ништо во борбата против климатските промени, а не може ниту да се допринесе за закрепнување од најлошата рецесија од Втората светска војна.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја