BMW проектира и мала градска куќа (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Големите градови низ светот имаат значителен недостиг на живеалишта и простор, а архитектите разработуваат нови начини за градење на минијатурни згради. Во последните години се појавија многу проекти за мали куќи, 3D принтани домови, а сите тие имаат за цел да го зголемат пространството и да ги сведат расходите на минимум.

Како дел од дизајнерската серија MINI Living, BMW откри проект за градски куќи кои нудат простор, дури и помалку од стандардниот мал дом околу 160 квадратни метри.

Најновиот проттотип, согласно со архитектот Дајон Сун е на изложба во Пекинг до 4 ноември. Компанијата пред тоа ги покажа градските куќи во Лондон, Њујорк и во Лос Анџелес.

Секоја куќа вклучува дневна и спална соба на едниот крај, како и кујна и бања на другиот дел.

Ѕидовите им дозволуваат на жителите да го прилагодат својот простор.

Исто така ѕидовите може да се преместуваат и да бидат претворени во импровизирана канцеларија.

Златните огледала на екстериерот на кабината ја одразуваат урбаната средина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK