среда, 25 декември, 2025 година

Skoda Auto од 27 април продолжува со производство

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Компанијата SKODA Auto објави дека ја обновува производствената дејност во Чешка на 27 април откако воведе специјален план и услови за создавање на оптимално безбедна работна средина за своите вработени.

„Производството во нашите три фабрики во Чешка беше прекинато на 18 март. Тоа беше правилна одлука за да се преземе драстична акција за да се заштитат сите. Сепак, сега дојде моментот да почнеме да гледаме напред и одново го правиме тоа со оптимизам. Дилерите на Skoda во Европа постепено почнуваат да функционираат и со успешно рестартирање на производството ние го правиме следниот важен чекор кон тоа одново да бидеме во ситуација да направиме меѓународни доставувања кон пазарите“, вели извршниот директор на Skoda Auto, Бернард Мајер.

- Advertisement -

За рестартирањето на производствените дејности од Skoda Auto веќе имаат разработен план со 80 точки. Дел од нив се за задолжителната употреба на заштитни маски, дезинфекција на работната средина, периодични брифинзи со работните смени и друго.

Од компанијата исто така коментираат дека етапно и во три фази овие дополнителни мерки за внимателност ќе бидат намалени додека не се постигне ситуацијата пред кризната ситуација.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја