Иако без не толку многу светски премиери (голем дел европски), годинешниов саем за автомобили во Париз е подеднакво привлечен како и оној во Женева на почетокот на годината. Тоа е така пред се поради бројните електрични модели прикажани на овој саем, неколкуте светски и европски премиери како и привлечните концепти.
Така, на овој саем во ниту еден момент не недостасуваат концептните автомобили. Peugeot, Mercedes, Renault, Smart и многу други производители прикажаа како ја гледаат иднината на автомобилизмот.
Токму во продолжение се прикажанни најдобрите 5 концепт модели прикажани на овој саем.
Peugeot E-Legend
Peugeot E-Legend, е вистинска ѕвезда на овогодинешниот саем. Инспириран од легендарното 504 купе, овој електричен автомобил е спој на ретро дизајнот и современата технологија со бројни примеси на модернистичко-минималистички елементи.
Mercedes EQ Silver Arrow
Иако овој концепт премиерно беше претставен во август во Пибл Бич, сепак Silver Arrow привлече бројни посетители на штандот на Mercedes. Иако не е планирано да се појави продукциска верзија, сепак овој концепт е начиинот на кој германскиот производител ја гледа иднината.
Smart ForEase
Мал, градски, урбан. ForEase е концептот прикажан од страна на Smart од каде во наредниот период активно ќе работат на комерцијализација на најмалото кабрио возило.
Renault EZ Ultimo
Renault EZ Ultimo е еден од двата концепт модели прикажани на овој саем. Целосно автономен, целосно електричен, овој луксузен модел е креиран како конкурент на најавените автономно-електрични автомобили од страна на големите производители.
Уште еден концепт на Renault се најде на оваа листа. Станува збор за моделот EZ Pro кој исто како и претходниот концепт е целосно автономен и електричен автомобил опремен во внатрешоста со гарнитура благодарение на која овој концепт е наречен уште и патувачка соба.
Следете не и на: