Популарноста на SUV возилата последните години придонесе да многу спортски и луксузни брендови кои никогаш во својата историја немале SUV во понудата да започнат со активности во развојот на ваков вид на возила. Lamborghini, Ferrari, Rolls-Royce, Maserati се само дел од луксузно-спортските брендови кои во својата понуда веќе имаат SUV возило или активно работат на развој на истото.
Последен во низата производител кој планира да лансира SUV е францускиот ултра луксузен бренд, Bugatti. Оваа информација ја потврди Стефан Винкелман, претседателот на Bugatti кој изјави дека марката е спремна да лансира ваков модел.
Трендот на популаризација на кросоверите и натаму расте, а на истиот не може да му одолее Bugatti кој во моментов е еден од ретките производители кој во својата понуда немаат SUV. Сепак, Винкелман потенцираше дека потенцијалниот SUV мора да биде економски исплатлив односно мора да ја оправда инвестицијата. Тоа зачи дека Bugatti повеќе нема сlободни раце во поглед на трошоците како што беше во времето кога производителот работеше на Veyron, а раководството на VW Групацијата под чија капа функционира овој производител, постојано обезбедуваше финансии за развојот на овој модел.
Иако Винкелман не откри повеќе информации, сепак германските медиуми планираат дека производителот е во иницијална фаза на планирање на овој модел што значи дека не постојат изгледни шанси истиот тој модел да биде лансиран пред 2021 година.