Од едицијата “Не е за секого автомобил” ја издвојуваме сообраќајната незгода која се случи во Балтимор, Мериленд.
Неименуваниот сопственик на BMW M5 изгубил контрола врз возилото и се забил во бандера, пренесуваат американските медиуми. Среќа што бандерата била јака па возилото тука сопрело.
И нема ништо спорно и невообичаено во сето ова ако не се знае фактот дека настанот следел само неколку минути откако сопственикот го подигнал новото возило од локалниот дилер на BMW.
https://youtu.be/CQXx4SfjQx0
Инаку овој автомобил несреќниот сопственик го чинело 102.700 американски долари. Истиот доаѓа со twin-turbo 4.4 литарски V8 мотор со 592 КС. До стотка забрзува за само 3.4 секунди додека пак максималната брзина која ја постигнува изнесува 305 км/ч.









