Peugeot и Citroen бараат субвенции од француската влада

ОБЈАВЕНО НА:

Два од трите најголеми француски производители на автомобили, Peugeot и Citroen испратија барање до француската влада со кое бараат субвенционирање на производството на хибридните и електричните автомобили.

“Бараме повторно да се воведат субвенциите за хибридни возила” изјави Лорент Фабре, шеф на PSA Групацијата задолжен за односи со владата.

Овие прозиводители кои се дел од оваа групација се обидуваат во најбрзо време да ја збогатаt понудата со хибридни и електрични возила како би можеле навремено да одговорат на строгите барања од Европската Унија, а воедно да останат во чекор со конкуренцијата.

Најголемите три брендови на PSA Групацијата, Peugeot, Citroen и Opel добро се позиционирани во поглед на исполнувањето на европските стандарди, но нивната електрична понуда е далеку помала од на пример останатите германски и јапонски производители. Истата се однесува само на мали градски автомобили, но не и за автомобили и SUV возила од повисоките класи.

Минатата година владата на Франција за секој продаден електричен автомобил нудеше субвенција од 6.000 евра и по 1.000 евра за секој продаден хибриден автомобил. Сепак оваа субвенција на почетокот на оваа година беше укината на што негативно реагираа француските производители чии автомобили се убедливо најпродавани на домашниот, француски пазар.

Третиот француски производител Renault без подетално да го коменитраат барањето на PSA го поддржа ова барање со тоа што нивниот предлот е за секој хибриден автомобил да добиваат 2.000 евра.

Останува да се види како француската влада ќе одговори на овие барања.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK