BMW ќе ги продава електричните автомобили преку мобилен

ОБЈАВЕНО НА:

BMW се подготвува автомобилите да ги продава и преку мобилен апарат. Компанијата планира да понуди апликација која ќе му овозможи на корисникот да ја користи паметната мобилка како виртуален изложбен салон.

Купувачот со апликацијата ќе може да креира реална 3Д слика од автомобилот што би сакал да го купи во изложбен салон, потоа да го симне на неговиот телефон и подоцна да го разгледа.

bmw-app

На почеток апликацијата ќе се користи за одбрани распродажби. Купувачот со неа ќе може да го отвори багажникот или вратите од возилото, или виртуелно да влезе во возилото и да ги стисне прекинувачите. Ќе може да ги менува внатрешните и надворешните бои или да ги смени фелните.

Од компанијата сметаат дека во услови кога посакуваниот автомобил не е достапен за купувачот да го разгледа, апликацијата ќе го понуди најдоброто решение зашто 3Д приказот е високо реалистичен.

bmw-app2

Апликацијата се базира на Tango, технологијата за надградена реалност за паметните мобилки на Google, и ќе биде управувана од подбрендот на BMW i со цел да ја зголеми продажбатна на i8 плаг ин хибриден спортски автомобил и i3 целосно електричен хеџбек. BMW планира за неколку години апликацијата Augmented Reality Visualiser App да ја направи достапна за сите негови модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK