X1 и X2 моделите на BMW добиваат нови дизелски мотори

ОБЈАВЕНО НА:

BMW ја збогатува својата понуда со воведување на нови дизелски мотори кај постоечките модели X1 и X2 како и дополнителна опрема.

И покрај тоа што сѐ повеќе производители се решаваат да го отфрлат дизелот од својата понуда, BMW и покрај строгите WLTP стандарди се реши кај овие два модели да го воведе 2.0 литарскиот TwinPower Turbo четирицилиндричен дизел мотор. Овој мотор, развива 187 КС, а е поврзан со осум степениот автоматски менувач и е со погон на предните тркала. Ваквата спецификација овозможува до 100 км/ч. да развие за 7,9 секунди.

Кај моделот X2 компанијата ќе понуди уште еден 1.8 литарски мотор со 148 КС кој доаѓа со 8 степен автоматски менувач. До 100 км/ч забрзува за 9,4 секунди, а според најавите на 100 км троши 4,7 литри.

Покрај новите мотори овие модели доаѓаат и со нови LED фарови, црна предна решетка со нов сјај, затемнети задни фарови како и нови 18 инчни алуминиумски фелни. Во внатрешноста новитет се спортски седишта во две бои како и BMW хедлајнерот.

X2 пак добива дополнителна опрема и тоа автоматски систем за контрола на климатизацијата, контрола на растојанието како и друга опрема која има за цел зголемување на безбедноста и поголема асистенција на возачот при возењето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK