Kadjar добива нови мотори (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Renault одлучи да го обнови големиот кросовер Kadjar, но и да ја замени речиси целата палета на бензин и дизел мотори со кои моделот се опремува. Модернизирањето на СУВ возилата ќе биде покажано пред јавноста на саемот во Париз на почетокот на октомври.

Внатрешноста на Kadjar е освежена со едвај забележливи елементи. Намалена е големината на црната пластика на предниот браник, сменет е обликот на воздушните перничиња, додека фаровите за магла се вградени. На предната страна има повеќе хром, кој според Франзуците му дава повеќе визуелна широчина на возилото.

Измените во задниот дел се уште помалку. Стоп светлата имаат различен модел, необоената пластика е намалена, а светлата против мала се малку зголемени.

Новините од салонот се позабележителни, иако се однесуваат главно на борд електрониката. Модернизираниот  Kadjar добива мултимедиски систем R-Link 2 со  7-инчен  сензорен екран, кој дава оддршка на Apple CarPlay и Android Auto. Обновен е блокот за управување на климата, а предните седишта веќе имаат прилагодлив хоризонтален дел.

Сериозни измени се кријат под предната хауба. Досега Kadjar се нудеше со два бензин мотори со обем од 1.2 и 1.6 литри (140 и 160 коњски сили) и два дизела мотори со обем 1.5 и 1.6 литри (115 и 140 коњски сили).

Од старата понуда останува само малиот дизел. Големиот ќе биде заменет со 1,75 литарски агрегат со моќност од 149 коњски сили. Бензин моторите пак целосно се повлекуваат и на нивно место доаѓа 1,3-литарскиот TCe, изработен во соработка со Daimler. Тој ќе се нуди со две варијанти на моќност од 140 и 160 коњски сили.

Renault Kadjar е кросовер од класата С создаден на база на Nissan Qashqai. Се продава добро, но заостанува зад лидерите од сегментот.

Во 2017 година биле купени 111.075 возила. За споредба биле купени 247.199 возила Qashqai и 236.323 Volkswagen Tiguan.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK