Нова политика: Renault си е Renault – Dacia си е Dacia

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител Renault објави дека ја напушта досегашната практика од продажба на Dacia модели под својот бренд вонекои делови од светот.

Renault години наназад, но и во моментов под својот бренд ги продава Logan и Sandero моделите на Dacia во многу земји вклучувајќи Африка, Азија, Јужна Америка, Русија и останатите земји од CIS, а оваа практика во овие региони ќе биде прекината. Ова го изјави шефот на дизајн на Renault Лоренс ван ден Акер.

“Мојата цел е да имам глобална Renault понуда” изјави ван ден Акер во рамките на московскиот саем за автомобили кој запрашан како гледа на ребрендираните Dacia модели веднаш изјави дека сака да се сопре со таа практика.

Новата стратегија на Renault подразбира создавање на глобален бренд, а првиот чекор ќе го направи со Arkana модел чиј целен пазар Русија, Кина и Јужна Кореа. Со новата стратегија Lada прераснува во “пријателски” конкурент на Dacia во источна Европа, со што романскиот производител акцентот во своето делување ќе го посвети на пазарот во Европа, Африка и блискиот исток додека Renault прераснува во пооригинален бренд при настапот во Јужна Америка, особено Бразил, но и Кина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK