вторник, 25 декември, 2025 година

Покажана новата Alfa – посекси, поспортска, поѕверска

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

На 110 годишнината од формирањето на италијанскиот спортски бренд, Alfa Romeo се одлучи да има премиера на поспортската, GTA изведба на Giulia. Таа требаше да се случи на саемот во Женева, но поради одложувањето, FCA се одлучи овој модел да го прикаже на интерна промоција.

Концептуално инспиран од GTA изведбат на Giulia од далечната 1965 година, овој автомобил доаѓа со значителни измени во поглед на основната верзија. Тука е целосно новиот преден браник, спојлерот на задниот дел, поголемите фелни како и неколку други екстериерни детали кои му додаваат поспортски карактер.

- Advertisement -

 

Под хаубата доаѓа со 2,9 литарски V6 Bi-Turbo мотор кој продуцира 532 КС, што е за 30 КС повеќе од Giulia Quadrifoglio. При тоа до стотка забрзува за 3,6 секунди. За тоа голем придонес покрај моќниот мотор има и намалената тежина за 100 кг во споредба со основната верзија.

Во внатрешноста се наоѓа со Алкантара ентериерот, новите седишта, надградениот инфотејнмент систем. Оваа спортска верзија исто така доаѓа и со Акраповиќ издувен систем во кој е интегриран нов карбонски дифузер.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја