понеделник, 25 декември, 2025 година

Volvo лансира четири нови камиони – промоција со спектакуларен филм (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Премиерата на најновите модели на Volvo Trucks успеа да достигне нови височини, а за да ја демонстрира моќта и издржливоста на новите камиони, Volvo изгради кула од 15 метри, тешка 5 тони каде што ги постави четирите нови модели еден до друг. Како дополнување кон неа, најгоре застана претседателот Роџер Алм.

Во индустријата на товарните возила пуштањето на пазарот на еден камион е огромен проект. Сепак, излегувањето на четирите истовремено е досега нечуено. При обновувањето на целата понуда на тешкотоварните камиони со кабина над моторот, Volvo Trucks избра сосема различен приод.

- Advertisement -

Невообичаениот филм е снимен преку ноќ и почнува со покажувањето на кулата од камиони како огромен, светлечки монолит во далечина. Понатаму се гледаат волци во преден план и се забележува на кратко жена водач. Како се доближува кулминацијата на филмот, исполнета со чад и светлечки ефекти, се гледа дека човекот, кој стои на врвот од кулата на камини, практично е претседателот на Volvo Trucks, Роџер Алм.

https://youtu.be/0F2GrIuSgZ8

Појавувањето на филмот се случува еден ден пред официјалното пуштање на европскиот пазар на понудата на тешкотоварни камиони Volvo FH, Volvo FH16, Volvo FM и Volvo FMX. Четирите камиони претставуваат околу две третини од испораките на Volvo Trucks.

„Ова е најголемото лансирање на пазарот на нови модели од Volvo Trucks. Тие ќе имаат огромно влијание над рентабилноста и способноста на нашите клиенти за да конкурираат како за бизнис, така и за најдобрите возачи. Навикнат сум да ги контролирам работите, но за мене снимањето на кулата од камини беше невообичаен работен ден. Иако го кажав така, сепак, имам извесен респект кон височините. Сепак, јас сум човек за на земја“, вели претседателот на Volvo Trucks, Роџер Алм.

Филмот е снимен на крајот на 2019 година на полигон надвор од родниот град на Volvo, Гетеборг во Шведска.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја