понеделник, 26 јануари, 2026 година

Како безбедно да возите ноќе?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Управувањето на автомобилот во ноќни услови некогаш знае да биде тешко и проблематично дури и за оние возачи кои се искусни. Особено може да биде тешко за оние кои имаат малку искуство зад управувачот.

Ако одите на долг пат, постои можност дека поради зимските краткодневници добар дел од возењето ќе го минете во текот на ноќта. Многумина признаваат дека имаат страв од возење во ноќта која од возачите, сепак, бара вештина која само со вежбање минува во рутина.

- Advertisement -

Во продолжение ви наведуваме неколку совети кои можат да ви помогнат во возењето ноќе.

1.Наместете го седиштето во автомобилот така што потпирачот за грб ќе биде што повеќе исправен за да ве спречи да заспиете.

2.Вентилацијата во кабината подесете ја така што ќе обезбедите доволна количина на свеж воздух кој ќе ве држи будни и концентрирани.

3.Подесете го внатрешниот ретровизор на положба за возење во мрак, за да не ве заслепуваат фаворите од другите возила одзади.

4.Избегнувајте директно да гледате во светлата на возилата кои ви доаѓаат во пресрет.

5.Избегнувајте мирна, тивка музика. Подобро е да слушате динамична музика или да комбинирате прорама на радио, која ќе ви ја одржи концентрацијата на повисоко ниво.

6.Доколку почувствувате замореност и поспаност, запрете на првото место и одморете. Во секој случај, се препорачува да направите пауза на секои два часа возење.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја