недела, 25 ноември, 2025 година

Нема повеќе фаќање врски во полиција – извештајот за сообраќајките ќе се прави електронски

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Еден од најголемите проблеми за полицијата при правењето на записникот од некоја сообраќајна незгода е што откако службеното лице ќе се врати во станица и ќе почне истиот да го составува почнуваат да звонат телефоните. Секој се обидува да добие подобра положба, да не биде виновен, а некогаш правењето на записникот трае со денови, а може и со неделеи. Дотогаш возилото ако е оштетено, и не се знае виновникот може и да остане на некој паркинг. Дур не се утврди чија осигурителна компанија треба да плати. Во иднина ова треба да стане „минато“.

Со ставање на полициските извештаи во електронска база на податоци, Министерството за внатрешни работи ќе се обиде да ја намали можноста за злоупотреба за време на вршењето увид при сообраќајни несреќи.

- Advertisement -

Министерот Оливер Спасовски, пред Нова година при презентацијата на овој софтвер, рече дека секој полицаец ќе биде должен извештајот да го пополни по електронски пат додека се враќа кон полициската станица. Ова, според него, ќе ја намали можноста за грешки или за можни злоупотреби за евентуално да се фаворизира едната странка во сообраќајната незгода.

Од МВР соопштија дека ИТ секторот работи веќе две години на овој проект наречен „СНЕЗ“, со кој се очекува да се забрза процесот на подготвување на полицискиот извештај, да се затворат спорните прашања меѓу странките и самата методологија за работа на полицијата. Со тоа, меѓу другото, се овозможува автоматизирање и интеграција на евиденциите на разните системи во рамките на МВР, односно дигитализирање над 250 видови податоци од увид на сообраќајна незгода.

Полициски службеници додаваат дека подготовката на ваков извештај во ракопис трае од еден до три месеци, а сега ќе може да се заврши за два дена и да биде спремен за судските процеси.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја