понеделник, 25 декември, 2025 година

Докторите предупредуваат: Професијата возач е опасна по здравјето и животот

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

На основа на истражување што траело 13 години, научниците од Универзитетот Харвард утврдиле дека професијата возач е многу опасна за здравјето и животот. Најзачестениот проблем со кој се среќаваат професионалните возачи е болката во врадот и во долниот дел на грбот.

Главната причина за тоа не е честото вртење на главата туку вибрациите од самото возило. Докторите веруваат дека е тоа еден од најголемите непријатели на рбетниот  систем. Според истражувањата промените во коскената срж и зглобните површини се предизвикани од вибрации, што доведува до нивна абразија и деформација.

- Advertisement -

Исто така, поради зачестеното седење доаѓа до слаба циркулација на крвта што носи до болки во нозете, проширени вени… Пореметената циркулација на крвта во карлицата води до пореметување како простатитис, оролитијаза, еректилна дисфункција.

Тука се и нус појавите од престој во затворен простор во кој се јавуваат испарување на бензин и гориво, кој кога согорува емитува смртоносни материи како јаглен-диоскид, азот, бензапирен, фенол и тешки метали.

Употребата на опасни материјали како азбест во произведувањето на педали за кочница може со тек на времето да предизвика рак. Затоа лекарите ги советуваат возачите редовно и превентивно да се тестираат што може да помогне во избегнувањето на опасни епилози.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја