четврток, 26 март, 2026 година

Овие работи никако не смеете да ги правите во текот на возењето

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Безбедноста во сообраќајот секојдневно е загрозена со практикување на одредени постапки како што се разговарањето на телефон, подесувањето на одредени функции на мултимедијалниот систем, палењето на цигара итн.

За сите овие негативни практики односно навики на возачот се сите запознаени, но има и такви работи кои никако не смеете да ги правите во текот на возењето бидејќи во спротивно, смртта ви е загарантирана.

- Advertisement -

Така, додека возите никогаш не ја подесувајте висината на управувачот. Доколку возите, а при тоа го отстраните блокаторот на управувачот, тој станува “слободен” поради што тој воопшто не функционира нормално. Така доколку свртите лево или десно тој може да пропадне нанапред.

Исто така, додека возите никогаш не го исклучувајте моторот на возилото. Можеби звучи смешно, меѓутоа во истражувањето за причинте на сообраќајните несреќи во САД, поради овој пропуст, минатата година загинале повеќе од 10 возачи.

Подесувањето на ретровизорите исто така не се препорачува да се прави додека се вози. Најдобро е да застаните на страна и потоа да го направите подесувањето. Тука би го навеле и подесувањето на седиштата (висината и хоризонталната позиција).

Никогаш не ставајте ништо под предните седишта. Често се случува додека возиме, шишето со вода или било што друго, го ставиме покрај седиштето што потоа може да се излизгна под него. Предметите поставени под предните седишта може да се заглават во шините на седиштата и да оневозможат седиштето стабилно да се зацврсти. Ова може да доведе до несреќа, што може да предизвика сериозна или фатална повреда. Механизмот на подесување, исто така, може да се оштети.

Подесувањето на висината на заштитниот каиш може да биде исто така кобно. Додека возиме и со десната рака ја подесуваме висината, телото се наоѓа во таква згрчена положба со која се намалуваат бројни рефлекси, со што се спречени брзи реакции со рацете.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја