BMW го произведе 20.000 примерок од моделот i8

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во фабриката во германскиот град Лајпцих, BMW го произведе 20.000 примерок од моделот i8, стои во соопштението на компанијата. Производството на овој модел започна во 2014 година откако претходно, во 2011, 2012 и 2013 година беа претставени три концепти како предвесници на овој електричен автомобил.

Јубилејниот модел е од Ultimate Sophisto Edition верзијата во Sophisto Grey металик боја. Располага со трицилиндрен бензински мотор и еден електричен мотор. Двата мотори заедно продуцираат 374 КС, а до стотка забрзува за само 4,4 секунди.

- Advertisement -

Поради релативно новата технологија и скапиот развој, продажната цена на овој автомобил е доста висока што резултираше да само во 5 години се продадат 20 илјади возила што i8 го прави најнепродаваниот модел на BMW во последните години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја