Авионите остануваат најсигурни превозни средства

ОБЈАВЕНО НА:

Некои податоци од психолози велат дека околу 70 проценти од патниците имаат страв од летање со авион. И покрај тоа што фактите велат дека денешните летови се побезбедни од кога било досега, експертите од Airline Ratings направија листа на авионите кои во моментов важат како најбезбедни.

Очекувано за најбезбедни се сметаат новите авиони на Airbus и Boeing, за кои се користени најмодерни технологии.

Airbus A380, кој е во користење повеќе од десет години е класичен модел за сигурност. Експертите одбележуваат дека во целиот век на тој авион нема загинато ниту еден човек.

Во истата категорија е и Boeing 787, кој служи веќе седум години, а во моментов низ светот летаат 226 авиони A380 и 700 Boeing 787.

На тој список на најбезбедни авиони влегуваат и Airbus A350, Boeing 737MAX и Airbus A320neo, Airbus A340, Bombardier CRJ700.

Изненадува тоа што на листата го нема Boeing 777. Причината се неколку несреќи во кои овој авион е вклучен, но ниту еден од нив не е поврзан со дефект на машината.

Според статистиката воздушниот транспорт останува најбезбедниот во светот, а најопасните превозни средства и понатаму се автомобилите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK