петок, 25 декември, 2025 година

Mazda CX-5 – рафинирана цврстина

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Најочигледната разлика меѓу стариот и новиот модел е во голема мера подобрената надворешност. Не е изненадување што Mazda CX-5 земала инспирација од помалиот брат CX-3 и поголемиот CX-9, бидејќи Mazda сака да каже дека сакаат да креираат возило што одговара на фразата „рафинирана цврстина“.

Напред CX-5 е 10 мм. поширок што му дава на возилото подобар став на патот. А-столбот е вратен назад за 35 мм. а има и нова предна решетка. Друга позначајна дизајнерска подобреност се потенкит епредни фарови и задни светла, и целосно поспортски изглед, преку редизјанираната линија на покривот и поостриот Ц столб.

- Advertisement -

И во внатрешноста има подобрувања а најголема е новиот инотаимент систем. Има 7 инчен дисплеј кој е на врв на арматурната табла, слично како кај сегашните модели на Mercedes, и 4,6 инчниот дисплеј во боја со информатицни податоци. Вграден е и Bose премиум аудио систем со 10 звучници, и Mazda Connect connectivity систем кој работи со поврзување на смартфон.

Во однос на моторотите и сегашната понуда Mazda потврди дека новиот CX-5 ќе го добие чистиот, 2,2 литарски SkyActiv-D дизелски моторо и SKyActiv-G 2,0 и SkyActiv 2,6 бензински моторо. Сите овие мотори можат да с екомбинираат со шест степен автоматски или шест степен мануелен менувач.
Стандардно е пренос на предните тркала, но може да се нарача и со погон на сите тркала.

Во однос на технологијата и безбедноста, верзијата на Mazda CX-5 вклучува на Mazda Radar Cruise Control и Traffic Sign Recognition, кој може да ги чита сообраќајните значи во однос на ограничување на брзината и да ги покажува на 4,6 инчниот дисплеј. Во моделот има и G-vectoring Control (GVC) кој ја ограничува распредлебата на вртежниот момент и обезбедува најдобро „легнување“ на тркалата на кои тоа им е потребно.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја