Ова треба да го знаете: Колку долго алкохолот останува во крвта?

ОБЈАВЕНО НА:

Последниве месеци има се позачестени контроли од сообраќајната полиција и билтените се полни со информации за возачи што биле фатени со недозволено количество на алкохол во крвта. Во време на летниот период почесто се излегува на дружење и журки, и почесто се пие алкохол.
Дали знаете колку време му е потребно на вашето тело да успее да го изметаболизира алкохолот кој ќе го испиете при едно лудо излагање.

На ова прашање нема „едноставен“ одговор бидејќи колку алкохол ќе остане во вашиот организам зависи од различни фактори, но некои општи насоки не постојат. Најважно е кога пиете да не возите. Тогаш ќе бидете поштедени од секакви непријатности.

Колку долго алкохолот ќе се задржи во крвта зависи од вашата висина, тежина, годините, полот и тоа колку е брз вашиот метаболизам. Исто така на тоа влијае и колку сте јаделе во текот на денот, дали земате некои лекови, колку ви е здрав црниот дроб и колку јак алкохол имате пиено.

Во просек, црниот дроб за еден час успева да изметаболизира 30 милилитри алкохол, а околу пет и пол часа се потребни за нивото на алкохол во крвта да се спушти доволно за да можете да седнете зад воланот.

Просечното време потребно за да се изметаболизира часа од 250 милилитри вино е три часа. За пола литар пиво со вообичаен процент на алкохол се потребни два часа (подолго, секако, ако пивото е посилно).

Ако почнете да пиете навечер и продолжите да ги менувате кафулињата и после полноќ, тогаш во вашата крв наутро загарантирано и понатаму ќе има алкохол. Поради тоа никогаш немојте да седнувате зад волан, дури ниту наутро да одите на работа, ако претходната вечер сте заглавиле доцна во ноќта и сте пиеле. Алкохолот е уште во вас.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK