Една од најпознатите дизајнерски куќи во светот која се прослави со безвременските дизајни за Ферари, Pininfarina, претстави нова тизер фотографија за концептот PFО. Тизер фотографијата доаѓа по низата објавени, а во пресрет на светската премиера која треба да се одржи следниот месец.
PFO е целосно електрифициран автомобил кој со своите неверојатни перформанси треба да се вброи на врвот на листата на најдобри електрифицирани автомобили. Овој автомобил ќе го придвижуваат четири електрични мотори, по еден за секое тркало, а заедно ќе продуцираат околу 2.000 КС што ќе овозможи забрување до стотка за помалку од 2 секунди, а до 300 км/ч за помалку од 12 секунди.
Максималната брзина која може да ја постигне изнесува нешто над 400 км/ч.
Во производство се очекува овој концепт да влезе во 2020 година, а цената ќе се движи од 2 до 2.5 милиони американски долари. Планирано е да се произведат само 150 примероци.