четврток, 25 декември, 2025 година

Камп приколка од соништата што се мести за неколку минути (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Пазарот за каравани и камп приколки нуди сеопфатни модели и концепти, но малку од тие може да се мерат по функционалноста со производството на американската TrаilMаnоr. На времето основачот на компанијата, Вилијам Хулси одбранил докторат по филозофија, но животот го однел во сосема друг правец, па 25 години го вадел лебот во изградба на вакви модели.

“Винoвник” зa основањето на TrаilMаnоr била неверојатната сопруга на Вилијам, која постојано се жалела од мотелите во кои нејзиното семејство отседнувало за време на честите патувања. Жената посакала компактен едноспратен караван, во кој може да се имаат сите задоволства, доволно комфор и одделна бања.

- Advertisement -

За Вилијам не останал друг избор освен да ги засука ракавите и да направи туристичка приколка. Во моментов TrаilMаnоr нуди различни варијанти на караван-трансформер со должина од 8 до 9,5 метри во собрана положба, но поради малата тежина сите можат да се влечат со обичен автомобил или со кросовер.

Итриот систем за собирање, избран од Хулси, дозволува со слична постапка да се справи и кревка дама. Најтешките компоненти како покривите, кои се поделени во два дела и се снабдени со протитевжа, што го олеснува местењето, а сè одзема не повеќе од две минути.

https://youtu.be/HsAsMGOXgao

Внатрешноста бара малку повеќе време и некои познати навики за доведување до добра состојба. За сметка на тоа, корисниците може да се насладуваат на пространство во изобилство, секакви удобности и соодетна бања со туш и тоалет. Ова можете да го погледнете и во видеото во продолжение.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја