недела, 25 ноември, 2025 година

Авионите добиваат конкуренција: Од Виена директна железничка линија до Брисел и Амстердам

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Нема плаќање такси до аеродром, одложување на лет, недоволен број патници, скапи билети … од јануари 2020 година жителите на Виена ќе можат да патуваат директно од нивниот град до Брисел. Тоа ќе биде дел од новата стратегија на воспоставување директни лини со неколку европски градови со што ќе им биде конкуренција на авионите.

Според пишувањето на весникот Wiener Zeitung во 2021 година ќе следува и директна линија од Виена до Амстердам. Патувањата би биле ноќе. И не само тоа се планира и линија од Виена до Трст, за што се чека одобрување на рутата на движење.

- Advertisement -

Се повеќе има луѓе кои се против авионите со обрзложение дека многу загадуваат, па се бара и зголемување на цените на билетите. Тоа е можност за враќање на железницата на голема врата. Австриските железници имаат и имиња „NightJet” слично како и авионите. A во возовите има бројни предности во однос на авионите. Железницата е особено популарна во Западна Европа, и не ретко луѓето се решаваат за користење на возовите отколку авионите.

Според едно истражување во Македонија возовите возат со една од двете најмали брзини во Европа, просечната брзина е 53,1 км/ч. Од Македонија само во Албанија се вози побавно – 27,6 км/ч.

Најбрзо се вози во Шпанија – 199,4 км/ч, а потоа следува Франција – 195,9 км/ч.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја