четврток, 25 декември, 2025 година

Kia ќе лансира електрично Picanto, штом ќе поевтини

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Производителот на автомобило од Кореја, Kia ја разгледува можноста на купувачите во Европа да им понуди и електрична верзија на својот најмал модел.

Во Kia се свесни за потребите да ја прошират својата понуда на електрични автомобили и на ниските класи на патнички возила, но е соочена со проблемот за смалување на трошоците за производство за да може еден таков автомобил да биде достапен за купувачите, а во исто време и исплатлив за компанијата која го прави.

- Advertisement -

Според зборовите на еден од директорите на Kia Motor Europe, Емилио Херера, официјалната одлука за производство на Picantо на струја уште не е донесена, но кај овој производител работат на тоа. Инаку, конвенционалниот Kia Picanto во Европа се продава по цена која стартува од околу 10.000 евра додека најбогатите опремени автомобили чинат и преку 17.000 евра.

Со во моментов достапните технолошки решенија, електричната верзија не би била поевтина од 20.000 евра. Херера тврди дека цената на Picanto на струја би морала да биде смалена на 16.000-17.000 евра за да може овој модел воопшто да има шанса на пазарот.

Со други зборови, повеќе е прашање „кога“ отколку „дали“ овој автомобил ќе се појави во пондата на произведувачот од Кореја, со оглед на тоа што цените на погонските батерии на пазарот постепено се намалуваат.

Херера вели дека порано или подоцна ќе го лансираат Picanto EV, а открива и дека Kia очекува во 2019 година да продаде околу 20.000 електрични автомобили, додека за во 2020 година планирана е продажба на 40.000 автомобили на струја.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја