вторник, 26 април, 2026 година

Volkswagen ќе понуди уште едно SUV купе, но само за во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Volkswagen Групацијата ќе понуди нов SUV, но само за кинескиот пазар. Станува збор за купе изведба од веќе постоечкиот модел Tayron кој исто така се продава само на кинескиот пазар.

Овој нов модел ќе се темели на MQB платформата, а споредбено со основниот Tayron, ќе биде за 25 понизок. Меѓуоскиното растојание останува исто и изнесува 2.731 мм.

- Advertisement -

Во суштина, изгледот, екстериерен, а особено ентериерен ќе биде идентичен како и основниот Tayron. Во понудата ќе дојде со 2.0 литарски бензински мотор достапен со 186 КС и 220 КС. Тука ќе биде и послабиот, 1.4 литарски бензински мотор.

Премиерата на овој модел се очекува во првиот квартал следната година, а неколку месеци подоцна ќе стратува и продажбата. Производствено-продажните активности ќе ги спроведува FAW-Volkswagen.

Основниот Tayron во Кина беше воведен во септември 2018 година. Технолошки, но и естетски користи бројни елементи од третата генерација на Touareg. Во моментов во Кина, во зависност од нивото на опременост се продава по цена од 26 до 45 илјади американски долари.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја