недела, 25 декември, 2025 година

Ако тука седите на скали – казната е 400 евра

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Кога патувате во некој град и пеш ги разгледувате неговите знаменитости сигурно ви треба и малку одмор. Ако не саката да трошите пари по локланите кафетерии барате слободна клупа или нешто слично. На пример – скали! И си седнувате да одморите малку, да го разгледате апаратот. Но, ако решите да седите на скали во Рим тогаш ќе платите казна и тоа од 400 евра.

Градските власти во Рим им забранија на туристите да седат и да консумираат храна и пијалок на скалите на „Шпанските скали“ пред црквата „Тринита деи Монти“. Шпански“ се нарекуваат бидејќи поминуваат од Шпанскиот плоштад (Пијаца ди Спања) каде некогаш навистина се наоѓала амбасадата на Шпанија при Светата Столица – и која дури била и службено на територијата на Шпанија.

- Advertisement -

Прекршителите се соочуваат со сериозни казни. Во вторникот, полицијата ги предупредувала туристите со свирчиња кои се осмелија да седнат на скалите на архитектонскиот обележје на италијанската престолнина. Паричната казна може да достигне до 400 евра.

Ако само седите тогаш ќе треба да платите 250 евра, а ако сте си земале и нешто за јадење и пиење тогаш ќе „доплатите“ плус уште 150 евра.

 

Шпанското скалило е една од најпосетуваните римски дестинации. Таа беше отворена за јавноста во 2016 година по целосната реставрација. „Ла Скалина“ била многу загадена со испарување на бензински, фрлени мастики за џвакање од туристите и излеано вино и кафе на скалите.

Досега имаше само предупредувања, но отсега почнаа и со собирање пари од казни.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја