Volkswagen објави дека наскоро со производство ќе започне и спортската GTI TCR изведба на популарниот Golf. Според најавите производството и продажбата ќе започне кон крајот на оваа година, но веќе следната недела ќе се случи премиерата на концептниот модел.
Како што пренесоа повеќето германски медиуми, овој концепт ќе има неколку естетски измени во однос на класичниот модел, а пред се тука се потенцира новиот поспортски браник со спојлер, новиот заден дифузер, нов титаниумски издувен систем, LSD диференцијали како и подобрени додатни системи. Внатрешноста доаѓа со нови спортски седишта, кожен управувач како и додатни црвени детали во внатрешноста со што се потенцира спортскиот карактер.
GTI TCR изведбата доаѓа со 2.0 TSI турбо мотор со 290 КС и 370 Nm со седумстепен DSG менувач, а максималната брзина која може да ја постигне изнесува 250 km/h.
Иако цената не е се уште позната се шпекулира дека истата ќе биде над 40 илјади евра.