Ford објави интересна информација дека компанијата во моментов работи на нова верзија за 2018 година и тоа на легендарниот модел MUSTANG COBRA JET. Главната цел е да биде создадена најмоќната и брза верзија на моделот, која некогаш се појавила од фабриката на фирмата.
Засега од Ford не откриваат детали за новата суперспортска верзија на MUSTANG, која исто така ќе биде и јубилејна за 50-годишнината, но јасно е дека ќе биде дело од спортската единица на Ford Performance.
Автомобилот ќе биде во состојба да помине класична четврт милја за околу 8 секунди со брзина од 240 километри на час, а моторот на MUSTANG COBRA JET 2018 ќе биде 5.2-литарски Coyote V8.
Од Ford ветуваат дополнителна информација и детали за MUSTANG COBRA JET во текот на летото, а се најавува дека ќе биде понуден во две бои Race Red и Oxford White. Ќе може да биде и порачан со специјален јубилеен пакет и дизајнерски амблеми.